ОБЈАВА број 2 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со: 1. Детален урбанистички план за Централно гратско подрачје од Урбан блок 32 во УЕ IV, донесен со Одлука бр. 07-4382/5 од 14.09.2010 година, со намена на градба А1-Домување во станбена куќа со компатибилна намена Б1, со карактеристики согласно Табеларен преглед бр.1 2. Детален урбанистички план: дел од МЗ Алексо Демниевски и дел од МЗ Васа Кошулчева, донесен со Одлука бр. 0701-681 од 10.07.2000 година, со намена на градба А1-Домување во станбена куќа со компатибилна намена Б1, со карактеристики согласно Табеларен преглед бр.2