Велешките ученици гости во Општина Маврово - Ростуше

 

Спортско-културната манифестација „СПОРТСКИ БОН ТОН“ -Традиционални спортски игри, со својот караван продолжува и понатаму. Учениците од ООУ„Благој Кирков“ и ООУ „Ј.Х.К.Џинот“ како претставници на Општина Велес земаа активно учество во овој настан и преку детските традиционални игри, се натпреваруваа, се дружеа и се забавуваа со своите врсници од други пет градови во Oпштина Маврово-Ростуше.

И овојпат како покровител на оваа прекрасна манифестација меѓу учениците беше присутен и претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорѓе Иванов, кој со задоволство разговараше и се дружеше со нив, потсетувајќи се на своето детство, на детските игри и истакнувајќи ја важноста на овие традиционални игри, за зачувување на националноста.

 

„СПОРТСКИ БОН ТОН“ не запира, следната дестинација носи нови предизвици на заедничко дружење и поттик за истакнување на натпеварувачкиот дух на учениците - ученици и секако нивната желба за понатамошно меѓусебно запознавање.