Велес 2014 off-road велосипедска тура
Велосипедскиот настан „Велес 2014 off-road велосипедска тура“ претставува еднодневен вело-настан што се одржа во Велес и околината на Велес во саботата на 11 октомври 2014 година. Настанот вклучуваше две патеки, off-road велосипедска тура, асфалтна тура околу Велес и учество на познатата Велешка Питијада со дегустација на велешка пита пастрмајлија и македонски вина. Стартот на вело-турата беше од пред влезот на гимназијата “Кочо Рацин“, а продолжи по однапред планирана патека кој опфати неколу Велешки села, како и возење покрај реката Вардар по исклучително интересен предел. Велосипедистите турата ја завршија онаму од каде што почнаа, централното место каде што се одржуваше овогодинешната Питијада. Организацитори на оваа off-road велосипедска тура беа група љубители на велосипедизмот – ВЕЛЕС БАЈКИНГ, Општина Велес, здружението на граѓани “Велес ФЕСТ“ и Д.П.С. СКИ-КАРАВАН Велес.