Успешна реализација на 11-тата по ред Велешка питијада

Општина Велес и Градоначалникот Славчо Чадиев на сите велешани им искажуваат огромна благодарност за личниот придонес што го дадоа во реализацијата на 11-тата по ред Велешка питијада или Фестивал на пити и вино 2014. Од 10-12 Октомври, Велес живееше во знакот на оваа манифестација на која учество зедоа 32 угостители и винарии од Велес и регионот.

Манифестацијата беше поддржана и помогната од 38 спонзори и донатори од кои како генерални спонзори ги издвојувам винарија Стоби, Прилепска пивара, мобилниот оператор ONE и Хемомак пестициди. Без поддршката на стопанството ќе беше невозможно да обезбедиме богата музичка програма и забава за повеќеилјадните посетители.

Искажуваме огромна благодарност за соработката и им честитам на професионалноста на ЈКП „Дервен“, ЕВН, МВР – СВР Велес кои придонесоа организацијата на манифестацијата да биде беспрекорна.

Им благодариме на сите училишта, Детската градинка, Културно уметничките друштва, аматерски и професионални естрадни уметници кои беа дел од програмата на сцената на манифестацијата.

Благодарност и до медиумите што континуирано сите три дена со интерес ја следеа манифестацијата и ја информираа јавноста за се што се што се случуваше во Велес.

А Велес овие три дена вкупно го посетија повеќе од 50 000 граѓани од Македонија, од кои половината околу 25 000 само во саботата. Ова се должи на ангажираноста на туристичките агенции што преку својата мрежа на ТА во Македонија помогнаа да се зголеми интересот за посета на манифестацијата и на МЖ кои на 11 и 12-ти октомври овозможија бесплатно патување на граѓаните на релација Скопје – Велес – Скопје.

Во сите три дена на Велешката питијада 54.600 пити и 16,7 тони вино. Ова се податоци од 22:00 часот. Бројката не може да биде прецизна затоа што питијадата траеше до 24:00 часот, а во овие податоци не се вкалкулирани питите и виното од рестораните кои во сите три дена во продолжено работно време работеа со полн капацитет. Имаме информација дека и сите кафетерии се презадоволни од посетеноста и прометот направен овие три дена.

Уште еднаш им честитаме на велешани на одличната организација и гостопримство и потенцирам иако станува збор за манифестација на која се точи и продава вина, се помина во одличен ред и без инциденти. На крај им благодариме и на граѓаните од ул. „Благој Ѓорев“ за трпеливоста заради изменетиот режим на сообраќај и зголемината бучава.

Годинава Велес, Питијадата ја преобрази од локална во национална манифестација. Останува во годините што следат да останеме на оваа позиција и да вложиме напори манифестацијата да ја направиме уште поубава.

ФОТОГАЛЕРИЈА