Од практикантска работа до вработување и самовработување

Во рамките на спроведувањето на проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лицата со попреченост, во Општина Велес се оствари отворена работна средба со регионалниот проект координатор, институции на локално ниво, организации и здруженија на лица со попреченост.

 

Од практикантска работа до вработување и самовработување: Во соработка со разни чинители (општини, бизниси и подрачни канцеларии на владини институции), проектот обезбедува можности за практикантска работа и вработување на лицата со попреченост се подучуваат да ги подобрат своите вештини за вработување. Проектот исто така обезбедува обука за ментори во приватните компании и јавните институции кои ангажираат лица со попреченост, така што тие ќе можат да го препознаат, вреднуваат и соодветно искористат потенцијалот на лицата со попреченост во нивните организации. На лицата со попреченост кои се заинтересирани да започнат свој бизнис им се обезбедуваат стручни курсеви по маркетинг, финансии, сметководство и менаџмент, како и деловно советување и советодавни услуги.

Важна цел на проектот: Зголемување на свеста на јавниот и приватниот сектор за потенцијалите на лицата со попреченост. Да се промени ставот дека лицата со попреченост не се способни да работат и дека адаптацијата на работното место претставува голем трошок за компанијата.

Во рамките на Проектот досега вработени се 68 лица со попреченост, 240 лица со попреченост се обучени за стратегии за барање на работа, 14 лица со попреченост ја посетиле дводневната обука за претприемништво .
Јавните институции и невладините организации исто така може да ги користат бенефициите од Законот за вработување на инвалидни лица.