Делегација на Велес во посета на збратимените турски општини
Изминатата недела делегација од Општината Велес предводена од Градоначалникот Славчо Чадиев и Претседателот на Советот Александар Колев, оствари работна посета на збратимените општини од Репбулика Турција, Каршијака и Адалар како и на градот Бига.
По срдечниот прием на доста високо ниво од страна на домаќините, средбата со турските колеги беше искористена за продлабочување на соработката на двете општини пред се на полето на локалниот економски развој. При посетата беа отворени и повеќе прашања од областа на економијата, културата, образованието и други области во кои може да се промовира искрена и пријателска соработка
Велешката делегација освари средба и со исленици во Република Турција, а кои потекнуваат од селата Горно Врановци и Мелница. Во Општина Каршијака во моментов живеат околу 35.000 жители кои потекнуваат од овие краишта. Општина Велес и во наредниот период ќе вложи максимални напори овие врски да се прошируваат, да се негуваат и да се зголемуваат.