Посета на МЗ „Кумарино”, „Сујаклари” и „Отовица”
Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев во текот денешниот ден ги посети Месните заедници „Кумарино”, „Сујаклари” и „Отовица”. Целта на средбите е жителите од овие месни заедници да се запознаат со тековните работи што се случуваат во општината, да ги изнесат приоритетите и проблемите со кои тие се соочуваат но исто така и да се запознаат со плановите кои локалната самоуправа во иднина има намера да ги реализира. Ваквите посети на градоначалникот на месните заедници се особено значајни за непосредната комуникација граѓаните и општината. Притоа на овој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на оние проекти со кои директно се подобруваат условите за живеење.