Нека е честит 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба
Почитувани сограѓани,
Дозволете ми од мое лично име, од името на Советот на Општина Велес и од името на сите граѓани на Општина Велес да Ви го честитам денешниот јубилеј што го бележи македонската историја – 121 година од Денот кога Мекедонците пристапија на организирање револуционерно движење што ќе ги поведе во борба за слобода, борба за Македонија.
Општина Велес од секогаш била и ќе остане достоен следбеник на големите Македонци. Гордо, со достоинство и љубов ќе ја раскажува историската приказна што веќе е легенда за своите синови. Уште повеќе што најголемото јадро на хероите потекнува од тука – од Велес и велешко.
Наша најголема задача е нашите наследници да ја знаат историјата на својот народ. Доволно е секој во семејството да ја раскаже приказната на неговиот дедо и прадедо, на соседите и пријателите. А гордоста и достоинството секој Македонец ги носи во својот генетски код.
Нека им е вечна славата и споменот на Петар Поп Арсов, Алабакот, Докурчев, Офицерчето и нивните чети. Бог да ги прости Миле Поп-Јорданов и Гемиџиите!
Нека е честит 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба.
Да живее споменот за хероите,
Да живее Велес,
Да живее Македонија!
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес