СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

На денешната седница членовите на Штабот ја разгледаа Предлог-програмата за зимско одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2014/2015 година, која ќе биде предмет на расправа пред советниците на 26-тата седница на Советот, закажана за 30-ти овој месец.

Инаку, со Програмата комплетно се уредуваат работите за зимското одржување на локалните патишта и улиците, делниците од магистралните и регионалните патишта кои минуваат низ населените места, а се изградени како улици, како и работите за одржување на комуналните објекти, тротоарите (и велосипедските патеки) на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2014/2015 година. Програмата детално ги предвидува предметот и опфатот за зимско одржување на патната инфраструктура, како и сите надлежни органи, институции и субјекти кои ќе се вклучат во извршувањето на работите. На седницата на која освен членовите на Штабот присуствуваа и претставници од сите надлежни институции, беше разгледана подготвеноста на сите одговорни субјекти за претстојната зимска сезона и беа одредени конкретни активности.