Одржан првиот испит за сертификат за автотакси возач
На ден 27.10.2014 во просториите на Работничкиот универзитет „Благоја Страчковски“ во Велес се одржа првото полагање за добивање сертификат за автотакси возач во Општина Велес. Соглaсно Законот за превоз во патниот сообраќај, секој возач кој управува со такси возилол односно врши автотакси превоз треба да поседува сертификат за автотакси возач. За исполнување на оваа законска обврска Општина Велес, формираше комисија за спроведување на испитот и истовремено овласти 2 правни лица за спроведување обука. По добивањето на овластувањето се пријавија 43 заинтересирани кандидати за посетување на обуката. Во законскиот рок, 2 дена пред одржувањето на испитот, се пријавија 42 кандидати и сите го положија испитот. На кандидатите кои го положија испитот, комисијата ќе издаде уверение врз основа на кое Градоначалникот во рок од 30 дена ќе им издаде Сертификат за автотакси возач.