КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЧЕСТ НА ПРАЗНИКОТ „9-ТИ НОЕМВРИ”

Денес во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев” се одржа крводарителска акција во организација на Општина Велес и Мото клубот „Носачи на крстот” а во соработка со Црвениот крст на град Велес. Повод за оваа акција беше, празникот 9-ти Ноевмри, Денот на ослободувањето на Велес. Организациски акцијата помина беспрекорно, за што зборува и бројката од 86 собрани крвни единици.

Општина Велес важи за една од општините во кои редовно се организираат крводарителски акции, во соработка на Општинската Организација на Црвен Крст и со Републичките заводи за трансфузиологија, во кои целта е да се поттикне чувството за хуманост кај граѓаните, кои се помасовно излегуваат и даваат придонес со зголемен број на крвни единици, да се спаси животот на оние граѓани на кои им е потребно. Општина Велес уште еднаш изразува бескрајна благодарност до сите граѓани кои покажаа голема доблест и голема општествена одговорност, спасувајќи многу човечки животи со својата крв.