Јавни расправи по нацрт-програмите за работа на општината во 2015
Денес во големата сала на општината се одржаа јавните расправи по нацрт-докуентите на Општина Велес за 2015 година. Овие јавни распарави беа наменети за претставниците од урбани и месни заедници, преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.) и останати заинтересирани граѓани.
Сите присутни имаа можност да ја проследат презентацијата на нацрт-програмите на Општина Велес за 2015 година, а претставниците на општинската администрацијата и членовите на Советот на Општина Велес ги слушнаа и забележаа нивните предлози и сугестии.
Притоа беа разгледани следните нацрт-програми:
1. За уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2015 година.
2. За изработка на урбанистички планови во Општина Велес во 2015 година.
3. За активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во 2015 година.
4. За активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2015 година.
5. За активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2015 година.
6. За активностите на Општина Велес во областа на културата во 2015 година.
7. За активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2015 година.
8. За активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2015г.
9. За активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2015 година.
10. За активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2015 година.
11. За активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2015година.
12. За активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2015 година.
13. За активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународната соработка во 2015 година.
Ваквото транспарентното и отчетно презентирање на трошењето на буџетските пари е значаен дел од развојот на локалната демократија.