ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИИТЕ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2014/2015 ГОДИНА
Врз основа деловникот и правилникот за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти а согласно со Статутот на Општина Велес, Советот на 27-мата седница донесе: Одлука за избор на талентирани ученици и студенти кои ќе добијат стипендија за учебната 2014/2015 година. По доставениот извештај и предлозите врз основа на спореведениот конкурс од страна на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти, избрани се 8 ученици и 8 студенти кои ќе бидат стипендијанти на Општина Велес за оваа учебна година.
Претседателот на комисијата, доц. д-р Бошко Караџов денес на пресконференција даде краток осврт на работата на Комисијата, при што ги соопшти и добитниците на стипендиите.
Според критериумите за избор, за учебната 2014/2015 година стипендија ќе добиваат следните ученици:
• Ирена Христова, 4 година при СОУ „Гимназија Кочо Рацин”;
• Тања Славева, 4 година при СОУ „Гимназија Кочо Рацин”;
• Симеон Иванов, 4 година при ДМБУЦ „Илија Николвски – Луј”;
• Игор Кузмановски, 4 година при СОУ „Гимназија Кочо Рацин”;
• Стојанче Ѓорчевски, 4 година при ПСУ „Јахија Кемал”;
• Стефани Горчевска, 4 година при ПСУ „Јахија Кемал”;
• Надица Мицевска, 3 година при ССОУ „Димитрија Чуповски” и
• Елена Најдовска, 4 година при ССОУ „Димитрија Чуповски”.
За студенти стипендиајнти за учебната 2013/2014 година се избираат:
• Страхил Тодоров, запишан 9 семестар при Универзитет „Гоце Делчев” Штип – медицински науки со просек на оценки од 9,8;
• Кирил Дончов, запишан 5 семестар при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Скопје – историја на уметноста и археологијата со просек на оценки од 10,0;
• Даниела Иванова, запишан 3 семестар, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Скопје – Технолошко – металуршки факултет Штип со просек на оценки од 10,0;
• Надица Шкрекова, запишан 3 семестар при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Скопје – Медицински науки со просек на оценки од 9,8;
• Маријана Шупевска, запишан 3 семестар при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Скопје – Економски науки со просек на оценки од 9,8;
• Марија Најдова, запишан 3 земестар при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Скопје – Информатички науки и компјутерско инжењерство со просек на оценки од 9,76;
• Александра Тодорова, запишан 9 семестар при Универзитет „Гоце Делчев” Штип – медицински науки со просек на оценки од 9,64;
• Катерина Стојанова, запишан 3 семестар при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Скопје – Филолошки науки со просек на оценки од 9,66;
Висината на стипендијата за талентираните ученици согласно оваа Одлука изнесува 1.500,00 денари месечно, 9 (девет) месеци во текот на учебната 2014/2015 година, додека за студентите овој износ е 2.000,00 денари. Средствата за оваа намена ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Велес, и истите ќе се исплатат на два дела и тоа првиот дел до крајот на оваа година, а вториот дел во првата половина од наредната година.
Со ова Општина Велес продолжува и понатаму во напорите за поттикнување, стимулирање и мотивирање на талентираните ученици за постигнување на солидни резултати и нивно вклучување во општествено-економскиоот живот и развој на општината.