Денес во Велес се одбележаа 78 години од загинувањето на Ганчо Хаџи Панзов, македонски револуционер и поет, учесник во Шпанската граѓанска војна. По тој повод беше посетена неговата родна куќа на улицата Вера Циривири каде беше оддадена почит со положување на свежо цвеќе.