Реконструкција на водоводна линија на ул. Борис Карпузов
ЈКП Дервен работи на реконструкција на дел од водоводна линија на ул. Борис Карпузов во должина од 70 м. Старата поцинкувана линија се заменува со нова, изработена од високо квалитетен полиетилен. Работните активности на овој дел од улицата ќе завршат до крајот на утрешниот ден, а доколку временските услови се поволни, во текот на следната седмица ќе се продолжи со реконструкција и на преостанатиот дел од водоводната линија на ул. Борис Карпузов.