По 47-ми пат одржани Детските Рацинови средби

По 47-ти пат, децата од Велес и повеќе градови ширум Македонија, го чествуваа, пееја и твореа за Рацин. На 20-ти и 21-ви ноември Велес ширум ги отвори своите порти за младите рацинови почитувачи, кои во придружба на своите ментори и секако со своите врсници од Велес, два дена му посветуваат на безвремениот поет.

 

Традиционално, средбите започнаа со положувањето на цвеќе пред споменикот на Рацин во градот, а потоа беше посетена и Спомен куќата на поетот во стариот дел на Велес, каде свој перформанс има велешките гимназијалци. Веднаш потоа во салата „Бели Мугри“ 47-те Детски Рацинови средби свечено ги отвори Членот на Советот во Општина Велес г-ѓа Нада Трајкова, а свое обраќање имаше и Игор Крајчев од Организациониот одбор на оваа манифестација.

„Секоја година најголемите подароци што Велес ги добива во име на Рацин се делата што Вие ги создадовте – литературните и сликарските. На сите учесници им честитам. Им упатувам честитки и на менторите и одговорните наставници што љубовта кон творештвото на Рацин умешно ја пренесуваат на новите генерации.” – истакна во своето обраќање советничката Трајкова.

На свеченото отворање покрај доделувањето на наградите на најуспешните учесници, свој настап имаа и писателите за деца Стојан Тарапуза, Наум Попески, Горјан Петрески, Борче Панов и Трајче Кацаров. Средбите продолжуваат и денес со традиционалниот поетски караван на поетите низ велешките основни и средни училишта.