ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА БАЧКА ТОПОЛА ВО ПОСЕТА НА ВЕЛЕС

Денес во посета на Општина Велес претстојуваше делегација на Општина Бачка Топола од Република Србија, предводена од заменик-претседателот, Предраг Петровиќ. На средбата со градоначалникот Славчо Чадиев, гостите беа запознаени со вкупните состојби и напорите кои ги прави локалната самоуправа за подобрување на условите за живеење. Притоа соговорниците ја истакнаа и важноста од продолжување на соработката помеѓу двата града како на културен така и економски план. Делегацијата од Бачка Топола претходно присуствуваше на 47-мите Детски Рацинови средби, а на покана и претходно остварена соработка со ООУ „Св. Кирил и Методиј” од Велес.