ПРЕЗЕНТИРАНА НОВАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ПАРТНЕРСТВО ПОМЕЃУ СВЕТСКА БАНКА И МАКЕДОНИЈА

Денес во Општина Велес, Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во соработка со Светска банка ја презентираа новата Стратегија за партнерство на земјата за периодот 2015 -2018 година. Стратегијата се должи на силното партнерство помеѓу Македонија и Групацијата Светска банка, која дава цврста поддршка на земјата во нејзиниот развој и аспирација за пристап во Европската унија. Нејзина крајна цел е намалување на невработеноста, но и развој на економијата и отворање на нови работни места. Инаку изминатиов период Општина Велес во соработка со Светска банка и Министерството за финансии реализираше два многу значајни проекти, водоснабдителниот систем до Езерото Младост и комплетна замена на уличното осветлување со ново енергетски ефикасно.