ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ-БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2015 ГОДИНА

Општина Велес денес организираше Јавна расправа по Нацрт-Буџетот на локалната сампоуправа за 2015 година. Јавната расправа се одржа во големата сала на општината, со учество на членови на Советот, преставници на месните и урбаните заедници, бизнис секторот, институциите и здруженијата на граѓани и фондации. На јавната расправа говореше Љупче Андреевски, раководител на Одделението за финансирање и буџет кој го образложи целокупниот Нацрт-Буџет на Општина Велес за 2015 година. Во овој стратешки документ, чија вкупна вредност изнесува 776.591.525 денари, 323.197.600 денари или 41,6% се однесуваат на основниот буџет, 382.790.000 денари односно 49.3% на приходи од дотации, 70.203.785 денари или 9% на самофинансирачки активности и 400.140 денари се донации. На јавната расправа присутните имаа можност да дадат свои предлози, забелешки и сугестии околу распределбата на буџетот во наредната година.