Нека е честит 8-ми Декември,Денот на Св. Климент Охридски
Почитувани сограѓани,
Дозволете ми во мое лично име и во името на граѓаните на Општина Велес, на сите православни верници да им упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски.
Светиот Климент Охридски е наш, но и европски цивилизациски симбол, кој со својата просвета не заостана зад своите учители светите браќа Кирил и Методиј, туку го продолжи нивното хумано и духовно дело. Неговото дело не е само наше духовно и културно богатство, туку е дел од темелите на европската цивилизација и култура.
Чествувајќи го овој голем празник, да покажеме поголема мудрост и разбирање, промовирајќи ја љубовта, мирот, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста како темели на православието.
Нека ни е честит и вековит денешниот празник!