„ДЕН НА ДРВОТО – ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА”

Општина Велес шеста година е дел од Националната акција „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина” која овој пат се одржува по 14-ти пат.

 

По тој повод, утре во околината на Езерото Младост на површина од 20 хектари ќе бидат засадени околу 20.000 садници на дрвја, претежно чемпреси.

Теренот за пошумување веќе го подготвува стручна екипа на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, подружница „Бабуна“ од Велес.

Во акцијата ќе бидат вклучени ученици, наставници, вработени во јавните претпријатија, припадници на АРМ од велешкиот гарнизон, претставници на невладините организации и граѓани, за што е обезбеден беплатен автобуски превоз од градот до местото на пошумување.

Автобусите поаѓаат по следниот распоред :
• Основен Суд Велес во 09.00 и во 11.00 часот
• ЕВН ЕСМ во 09.00 и во 11.00 часот и
• пред ОССУ „Коле Неделковски“ во 9.00 часот.

Општина Велес ги повикува граѓаните активно да се вклучат во акцијата „Ден на дрвото“ и да придонесат кон создавање на здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации.