Промоција на шест нови книги на Брајово писмо

Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев” беа промовирани новите шест наслови од книгите испечатени на Брајово писмо кои ќе бидат дел од Брајовата библиотека „Ратко Пајдаков”.


Проектот е во реализација на Здружението за слепи лица од Велес. Покрај редовната поддршка од Општина Велес, за овој проект со своја помош се вклучија фирмите „Леов Компани” и „Жито Маркети” како и организаторите на Хумантирната манифестација „Саем на храна” oд ООУ „Блаже Конески”.
Пред присутните граѓани промовирани беа книгите ,,Печалбари,” од Антон Панов, „Бегалка” и „Чорбаџи Теодос” од Васил Иљоски, ,,Парите се отепувачкa” од Ристо Крле, ,,Пустина” од Горги Абаџиев и ,,Три секунди” од Игор Крајчев.
Инаку книгите беа отпечатени на Брајовиот печатар кој Општина Велес го набави изминатата година токму за потребите на Здружението на слепи лица и печатење на книги на Брајово писмо. Едицијата досега брои 17 книги, заедно со денеска промовираните како и една аудио книга на македонски, исто така наменета за оваа категорија лица.