Честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
Почитувани,
Ми претставува особена чест и задоволство, од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар да им го честитам празникот на Раѓањето Христово.
Искрено посакувам, празничните денови да ги поминете исполнети со лична и семејна среќа, бериќет и верба во себе и другите луѓе.
Нека овој голем христијански празник ги зближи сите верници и нека даде поттик за создавање добри дела, без лоши мисли и почит кон христијанските вредности на мир, соработка и заедништво.
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес