Работилница под мотото „Дедо Мраз со подароци за сите“

На иницијатива на одговорните за проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието”, а во реализација на училишен тим од ООУ „Васил Главинов“ Велес, вчера во подрачното училиште во с.Бузалково се реализираше работилница по повод претстојните новогодишни и божиќни празници под мотото „Дедо Мраз со подароци за сите“.

За време на настанот присутните имаа можност да ги запознаат различните култури преку традиционалните јадења подготвени од родителите, беа напишани писма до Дедо Мраз на македонски и албански јазик, а учениците изработија и прекрасни честитки со желби за Новата година што доаѓа.