Симулација на повреди настанати од употреба на петарди
Денеска на просторот на Амфитеатарот во Младинскиот парк беше организирана показна вежба на која беа симулирани повреди настанати од употреба на петарди.
Целна група на оваа показна вежба, организирана од страна на Општина Велес, СВР – Велес и Црвениот крст, беа ученици од сите основни училишта од градот.
Инаку во пресрет на новогодишните празници значително е зачестена употребата на петарди и други пиротехнички средства. Од таму и потребата за информирање на учениците но и сите граѓани, за начините на превенција и штените последици од употребата на петарди.
Основна цел на денешната акција е подигање на свеста кај граѓаните, особено кај малолетната популација за опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства, намалување на бројот на повреди од нивната употреба, како и преземање низа превентивни активности насочени кон одржување и подигнување на општото ниво на безбедност.
Согласно статистиката, секоја година од употеба на петарди и други пиротехнички средства, во светот 150 000 лица остануваат трајни инвалиди.
80% од нив се деца, а 4 од 10 повредени деца се на возраст под 15 години.