Градоначалникот Чадиев го презентираше Отчетот за 2014 година
Со завршна пресконференција на градоначалникот Славчо Чадиев денеска беше презентиран Отчетот на Општина Велес за 2014 година, каде се наоѓаат повеќе од 100-тината проекти кои беа реализирани изминатиов период.
Отчетот содржи 36 страници, на кои преку слика и текст се прикажани сите реализирани проекти досега. На средбата со новинарите, градоначалникот Чадиев истакна дека во духот на заложбите за транспарентност и за одговорност пред сите граѓани, со крената глава го презентира Отчетот, каде е наведено сето она што е сработено во годината која изминува.
-„На крајот на календарската 2014 година гордо можам да изјавам дека со Ваша поддршка, со помош и соработка на сите институции, установи, јавни претпријатија, Советот на Општина Велес и несебичното залагање на тимот во општинската администрација, успеавме да постигнеме видливи резултати. Проектите што ветивме дека ќе ги реализираме во 2014 година, ги реализиравме. Ако ги споредите планирањата зацртани во програмите на општината и проектите реализирани и претставени во овој отчет ќе забележите дека сме направиле и многу, многу повеќе. Иако нашиот акцент беше ставен на создавањето услови за локален економски развој и инфраструктура, со исто внимание посветено работевме во сите области што се делокруг на нашите надлежности.” – истакна градоначалникот Славчо Чадиев.
Општина Велес изминатата година продолжи и со неуморната борба за отворање што поголеми можности за претставување на општината во регионот и пред меѓународната заедница, со единствена цел привлекување на инвеститори што со изградба на нови капацитети ќе создадат услови за нови вработувања.
„Најголема мотивација сте токму Вие почитувани сограѓани, особено младите велешани кои заслужуваат да живеат во средина што ги задоволува сите стандарди на квалитетен и модерен урбан простор, Вашата безбедност, здравје и образование. Свесни за одговорноста што ја носиме пред граѓаните во ниту еден момент не се поколебавме и не почувствувавме недостаток на енергија.” – рече во својата завршна пресоконференција за оваа година, градоначалникот Чадиев.
На своите сограѓани, честитајќи им ги претстојните Новогодишни и Божиќни празници, градоначалникот Славчо Чадиев им порача дека останува и понатаму да биде во служба на сите граѓани на Општина Велес, слушајќи го нивното мислење кое ќе биде респектирано и уважено.
- за да го превземете Отчетот кликнете тука