Новогодишна свеченост на Општина Велес
Во салата „Бели Мугри“ денес се одржа традиционалната Новогодишна свеченост на Општина Велес. Најуспешните поединци за 2014 година и овојпат беа во фокусот на вниманието. Присутните гости во салата од името на Општина Велес ги поздрави градоначалникот Славчо Чадиев кој упати благодарност на сите поединци, организации, институции, заедници и медиуми кои се вградија во успешните проекти и активности на општината во годината што изминува.
„На крајот на втората година од мојот мандат, а во пресрет на уште една година на предизвици гордо стојам пред Вас и искрено Ви благодарам што сите заедно успеавме 2014 година да ја претвориме во година на успех, година исполнета со задоволство од постигнатото, но воедно и во година со многу, многу работа.“ - истакна меѓу другото градоначалникот Чадиев во своето новогодишно обраќање.
Општина Велес оваа година ги издвои и ги награди најуспешните поединци во МВР-СВР Велес, во Територијалната професионална противпожарна единица, во Општинската организација на Црвениот крст, во ЈКП „Дервен“, во Регионалната комора на занаетчиите и во ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За најуспешни оваа година се прогласени:
- Миле Николовски – полициски службеник при СВР- Велес, водич на безбедносен реон;
- Јован Велковски - пожарникар во Територијалната противпожарна единица во Општина Велес;
- Славчо Шамбилов – хуманист-крводарител, активист на Општинската организација на Црвениот крст;
- Кире Басаровски - најдобар работник во ЈКП „Дервен“ – груповодител во оддел за постапување со деградирани дрвја;
- Душко Јаневски – занаетчија, чевлар и
- Елзин Лековиќ - индивидуален земјоделец.
Новогодишната свеченост беше повод да се промовираат и новите стипендисти на Општина Велес за учебната 2014/2015 година. Тоа се средношколците:
- Ирена Христова;
- Тања Славева;
- Симеон Иванов,
- Игор Кузмановски;
- Стојанче Ѓорчевски;
- Стефани Горчевска и
- Надица Мицевска.
И студентите:
- Страхил Тодоров;
- Кирил Дончов;
- Даниела Иванова;
- Надица Шкрекова;
- Маријана Шупевска;
- Марија Најдова;
- Александра Тодорова и
- Катерина Стојанова.
Ним наградите им ги додели претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев кој воедно им честиташе на стипендијантите за успехот порачувајќи им тоа да претставува сатисфакција за уште поголеми резултати.
На свеченоста беа доделени и наградите на најдобрите учесници на конкурсот за собирање на отпад за рециклирање кој локалната самоуправа го распиша како дел од грижата за чиста и здрава животна средина. Оваа година признание за најуспешно училиште доби ООУ „Св. Кирил и Методиј” поради собраните 1015 кг. хартија и 759 кг. Пластика или вкупно 1774 кг. отпад за рециклирање што изнесува во просек 2,97 кг. по ученик.
Посебно доживување на Новогодишната свеченост во салата „Бели Мугри“ беше настапот на членовите на трио „Страдивариус“ – Александра Мирсинова - виолина, Олгица Џорлева – виолина и Љупка Манчевска - виолончело, кои со избрана празнична музика на присутните гости им ги честитаа претстојните Новогодишни и Божиќни празници.