Коледарските огнови го најавија Христовото раѓање

Велешани вечерва останаа верни на традицијата кога со коледарските огнови го го најавија Христовото раѓање.

Градоначалникот Славчо Чадиев и Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски вечерва беа заедно со граѓаните на повеќе места во градот каде се запалија традиционалните огнови. Утре, православите христијани ќе го одбележат големиот празник Бадник, на ден пред Рожденството Христово - Божиќ.