Честитка по повод празникот Рождество Христово - Божиќ

Почитувани,

Со желби за мир, спокојство, радост и разбирање, Во името на Советот на Општина Велес, во името на граѓаните на Општина Велес и во мое лично име, дозволете да Ви го честитам големиот христијански празник, Христовото рождество - Божиќ.

Искрено посакувам во срцата на сите православни верници да се всели мирот и спокојството, почитта и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов кон ближните, секогаш подготвени безрезервно да им ја понудиме нашата помош и поддршка.

Нека е честит празникот и за многу години. Христос се роди!

Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес