Промоција на книгата „Името е нашата татковина“
Вечерва во Ликовниот салон во Велес во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” се одржa промоцијата на зборникот „Името е нашата татковина“. Промоцијата на овој зборник беше во организација на Повардарската епархија и граѓанската иницијатива „Македонски манифест“. Настанот го отвори Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а по настапот на црковниот хор „Св. Кирил и Методиј“, како промотор кон делото се обрати и г-дин Ристо Никовски.