Концерт на класична музика
Во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” вечерва во салата „Бели Мугри” се одржа Концерт на класична музика.
Пред публиката настапија младите уметници Филип Величковски на гитара, Петре Штерјов - пијано, Камелија Дукова - виолина со пијано придружба од Илија Настовски, Елена Петрушева и Вариса Ајдaрпашиќ - сопран со пијано придружба на Јордан Петрушевски и Петре Штерјов. Овие млади уметници се добитници на многу награди на своите настапи. Тие секаде го промовираат Велес и ја пренесуваат приказната за родниот град. Денешниот концерт е особено значаен по тоа што за прв пат настапија пред граѓаните заедно. Следниот настан во рамките на проектот „Велес – Град на културата” e утре. Во ликовниот салон ќе се промовира зборникот „Името е наша татковина“.