Модна изложба на Александра Крнинова - Груев
Во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” вечерва во Ликовниот салон во Велес се одржа изложба на илустрации и креации на моден дизајн чиј автор е велешанката Александра Крнинова – Груев.
Концептот на овој проект е поинаков од досегашните уметнички проекти реализирани во салонот, а настанот се одликува со тоа што прв пат во градот се приредува еден ваков моден перформанс претставен со индивидуалноста и јасната креативна идеа на Крининова – Груев. Прифаќајќи ја уметноста како акција, интервенција, хепенинг, демонстрација на уметноста и демистификација на уметничкиот чин, ослободување од медиските рамки, создаден е овој специфичен проект за кој велешани и сите останати граѓани имаат можност да го погледнат во Ликовниот салон.