Велес е подготвен да се справи со невремето
Општина Велес во соработка со Центарот за управување со кризи ги прави последните подговки за справување со најавеното невреме. Во текот на вчерашниот и денешниот ден на повеќе пунктови низ општината се поставуваат вреќи со песок и се прават насипи за заштита од можното излевање на реката Вардар на сите критични места. Искуството покажува дека тоа е областа Речани, Шорка, Автобуската станица, Стар мост и сите потенцијални опасни зони долж течението на Вардар.
Во состојба на готовност се локалните институции кои располагаат со соодветна механизација, ЈКП ,,Дервен”, ТППЕ Велес како и државното претпријатие ,,Македонија пат'' и приватните фирми ,,Евро Инженеринг'', ,,Изгрев Инженеринг'' и ,,Ива Инженеринг'' .
Градоначалникиот на Општина Велес м-р Славчо Чадиев ги посети пунктовите за да види каква е ситацијата на теренот и да се увери во подготвеноста на екипите. Тој уште еднаш апелира до граѓаните на Општина Велес доколку се најдат во ситуација да им биде неопходна помош да се јават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195.