Работна средба посветена на антикорупциските практики
Oпштина Велес во соработка со Центарот за граѓански комуникации денес организираше работна средба со д-р Стјуард Гилман од „Global Integrity Group“ од Вашингтон, САД. На средбата покрај градоначалникот Славчо Чадиев присуствуваа и членовите на тимот на локалната самоуправа задолжени за имплементација на системот на интегритет како и претставници на локални институции, невладини организации и здруженија на граѓани.
Во текот на состанокот со д-р Гилман, кој работел со многу влади ширум светот на прашања од областа на доброто владеење и антикорупцијата, беа разменети искуства и информации за спречување на корупцијата на локално ниво, системот на интегритет во локалната самоуправа и за квалитативните показатели за мерење на ризиците од корупција.
Инаку, Општина Велес важи за една од најтранспарентните и за електронски најразвиена општина во Македонија. Заложбите и енергијата на локалната самоуправа во целост се насочени кон континуирано подобрување на управувањето со услугите со цел да се достигнат највисоките светски стандарди за квалитетни и ефикасни услуги кои сами по себе се одличен иструмент за превенција и репресија на корупцијата. Веќе една деценија општината е активно вклучена во сите програми за борба против корупцијата и одлично соработува со Државната комисија за превенција и репресија на корупцијата.
Во овој правец беше и денешната работилница кој значително ќе придонесе кон намерите да се добие увид во трендовите и практиките на планот на борбата против корупцијата и да се продолжи со заложби за континуиран развој на општината. Сето ова ќе овозможи креирање на нови професионални врски корисни за понатамошна успешна соработка со граѓанскиот сектор и експертите на планот на превенцијата на корупцијата и ефикасноста на администрацијата во корист на граѓаните