Осветување на крст на црквата Св. Илија во с. Чолошево
Денес во село Чолошево се изврши осветување на крстот за новата црква Св. Илија која се гради во чест и слава на светиот пророк Илија. Осветувањето на крстот го извршија свештениците на Повардарската епархија при МПЦ-ОА. На настанот покрај жителите од ова населено место присуствуваа градоначалникот Славчо Чадиев и пратеникот во македонското собрание Ѓорѓи Коџабашиев. Инаку новата црква се простира на стотина метри квадратни и ќе служи за потребите на селото Чолошево кое брои околу 300 жители, но и на околните населби Дурутовец и Трпезица.