Компаниите од Велес можат да аплицираат за програмата „Еразмус +"
Компании членки на Стопанската комора на Македонија со седиште во Велес средните и основни училишта од Велес учествуваа на Инфо денот одржан во Велес како дел од новиот циклус на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Регионалната Стопанска комора со седиште во Велес.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија со седиште во Велес, Трајче Трајков истакна дека ова е можност компаниите од Велес да аплицираат за програмата „ЕРАЗМУС +”, во делот на практична работа, трансфер на знаења и вештини, како и имплементација на иновативни технологии. Додека, потпретседателката на Стопанската комора со седиште во Велес, Мери Кирова ја отвори работилницата и ги поздрави присутните во име на цела комора.
Презентери на настанот беа М-р Никола Јаулески и М-р Лулеса Илјази, претставници на Агенцијата кои ја претставија програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика“.
Сите учесници на денешната работилница беа охрабрени да земат директно учество во трите клучни акции наменети за учењето преку индивидуални мобилности, соработка за иновација и размена на добри практики, како и поддршка на реформата на политиките кои ги покриваат сите типови на активности. Токму, програмите се со цел учесниците да се стекнат со искуства од своите колеги од цела Европа.
Како програма, „ЕРАЗМУС +” им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, стажирање, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот.
Вкупниот буџет за „ЕРАЗМУС +” изнесува 14.7 милијарди евра, зголемувајќи го претходно постоечкиот буџет за сите програми за 40%. Нуди зголемени можности за учење во странство за ученици и наставен кадар. Грантираните проекти ќе обезбедат обука за приближно 4 милиони лица и 125.000 организации.