Трибини за превенција од болестите на зависност
Општина Велес согласно своите програмски активности во областа на превентивата од болестите на зависност реализира едукативни трибини со учениците од општинските и средните училишта. Трибините се реализираат по пат на меѓуинституционална соработка на Општина Велес со МВР – СВР Велес, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Велес и Центарот за јавно здравје. Денешната трибина беше со учениците од ООУ „Васил Главинов“.