„IN VINO VERITAS" - концерт на виното и љубовта

 

Во рамките на проектот „Велес - Град на културата за 2015 година" на 13.02.2015 година во салата „Бели Мугри” се одржa Концерт за виното и љубовта насловен како „IN VINO VERITAS". На концертот настапија Орхидеа Дукова, Мики Секуловски и Верица Пандиловска кои исполнија македонски поп-евергрини, но и песни од својот репертоар. Покрај одбраната музика, вечерта беше збогатена и со стихови за виното и љубовта.