СТАРАТА ТЕАТАРСКА ЗГРАДА Е ВО СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Со Одлука на Владата на Република Македонија на Општина Велес и е доделена на трајно користење старата театарска зграда која се наоѓа на улица Илинденска. Објектот располага со околу 700 м² корисна површина и близу 800 м² дворно место.

Оваа информација денес на пресконференција ја соопшти градоначалникот Славчо Чадиев, кој изрази големо задоволство од досегашната соработка со Владата на РМ. Изминатите две години на Општина Велес и беа доделени во сопственост уште неколку други капитални објекти со што вредоста на имотот кој го поседува локалната самоуправа неколкукратно се зголеми.

Дополнително, за овој простор Општина Велес има изработено ДУП со кој се предвидува изградба на станбено деловен објект (П+4). Со предвидената реконструкција на Автобуската станица и деловниот простор, овој дел од градот ќе добие сосема нов лик на задоволство на сите граѓани.