Делегација од Oпштина Бига од Р. Турција во посета на Велес

 Во посета на Општина Велес денес претстојува делегација на општината Бига од Република Турција, предводена од градоначалникот Исмаил Исик и членови на советот. За гостите најпрвин беше организиран прием од страна на градоначалникот Славчо Чадиев, а потоа беше направена и обиколка и разгледување на градот.

Срдечната средба двајцата градоначалници Чадиев и Исик, ја искористија за договор за понатамоша соработка и активности во интерес на граѓаните, за продлабочување на пријателстото и креирање нови значајни проекти. Гостите од Република Турција ја искористија можноста и да ја посетат родната куќа на Хамдибеј Велешанецот кој по потекло е од Велес а неговиот лик и дело е од големо значење за турскиот народ и историја. Денес, 95 години по неговата смрт, Хамдибеј останува да биде големиот мост за поврзување помеѓу двете пријателски општини.