УЧЕСТВО НА СРЕДНОШКОЛЦИ ПРИ УСВОЈУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА СМЕТКА НА ОПШТИНАТА

Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија, денес oтпочна со реализација на проектот: „Учество на средношколци при усвојување на годишната сметка на општината – Фискална транспарентност на ЕЛС Велес и инволиврање на младите во локалните политики”.

Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Општина Велес, во рамките на Програмата за поддршка на граѓанскиот сектор. Во насока на реализација на проектните активности се одржа наставен час со ученици од СОУ „Јовче Тесличков“. Преку наставниот час, учениците имаа можност да се запознаат со надлежностите на ЕЛС, советот на ЕЛС, општинските приходи, буџетирањето, финансиските извештаи и завршната сметка на општината.