ИЗЛОЖБА „ПОРТРЕТИРАНИ СЕЌАВАЊА” НА ЈАНА МАНЕВА ЧУПОВСКА

На 27.02.2015 година во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” во Ликовниот салон се одржа самостојна изложба на Јана Манева Чуповска, насловена „Портретирани сеќавања”. Нестандардната изложба ја сочинуваат еднобојни цртежи изведени на хартиена подлога и рачно изработени текстилни покривки за маса, фолклорни рачни плетени со еден конец, наречени миленца, изработени во техника на чипка, како и волнени покривачи јамболи. Цртежите се портрети, семејни фотографии, вметнати во кутии каде се заработени, како дел од меморијата.