ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА УПРАВАТА ЗА ИМОТНО ПРАВНИ РАБОТИ
Управата за имотно-правни односи при Министерството за финансии од денеска ги почнува отворените денови со граѓаните. Во текот на целиот месец ќе бидат организирани средби со заинтересираните граѓани кои ќе имаат можност да добијат стручна помош за нивните проблеми од имотно-правен карактер. По тој повод денес во просториите на Управата во Велес од каде што стартуваше проектот, присуствуваше и Директорот Зоран Крстаноски.
„Во најголем дел граѓаните бараат информации за статусот на своите поднесени барања за приватизација, меѓутоа дел од нив доаѓаат да се консултураат со нашите служби за прашања кои не ни се во надлежност меѓутоа колку што можеме им даваме одговор” – изјави директорот на Управата, Крстаноски.
Во рамките на отворените денови на Управата за имотно правни работи, директорот Зоран Крстановски во текот на денешната посета на Велес оствари и работна средба со градоначалникот Славчо Чадиев при што беа разменети размислувања значајни за подобрување на услугите спрема граѓаните.
Според градоначалникот Чадиев, ваквата посета овозможува да се направи стратегија за усвојување детални урбанистички планови.
-„Констатиравме што е најзанчајно во мометов, на кои делови од градот да се посвети внимание, како и за експропријацијата на земјиштето и начинот на кои тоа ќе се направи за оние локации кои ќе бидат значајни за градот” – истакна при средбата градоначалникот Славчо Чадиев.
Акцијата на Управата за имотно правни работи за отворени денови со граѓаните, ќе се реализира во просториите на подрачните одделенија на Управата од 8:30 часот до 17:30 часот. Како локална самоуправа, Општина Велес Останува отворена и достапна за сите граѓани, за било каква потреба или интерес. Во соработка со институциите ќе се превземаат сите потребни мерки и активности за решавање на проблемите на граѓаните и создавање на подобри услови за живеење.