Финале на општинските училишни натпревари во ракомет.

 

Во текот на вчерашниот ден во Спортската сала „Гемиџии“-Велес пред публика од 600 гледачи: ученици, наставници и граѓани се одигра финалниот натпревар во ракомет – пионери меѓу екипите на ООУ „Васил Главинов“ 1 и ООУ „Св. Кирил и Методиј“.

Преку квалитена игра и двете екипи ги покажаа своите млади надежни спортски ракометни таленти од своите училиштни спортски тимови и со фер-плеј заврши финалниот натпревар меѓу ракометната екипа на ООУ „Васил Главинов“ 1 и на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ со резултат 17:11 и победа на екипата на ООУ „Васил Главинов“1 - Велес.

Тренерите-наставници: Кире Манев и Љубиша Стојков задоволни од настапот на своите ученици, младите ракометари задоволни и среќни, а публиката воодушевена од прикажаната игра.
Општина Велес во соработка со Сојуз за училиштен спорт –Велес ги поддржува натпреварите на училишните спортски лиги на основните и средни училишта на град Велес и со тоа дава силна поддршка на развојот на младите спортисти, здравиот начин на живеење и се вклучува во борбата против пороците, кои секојдневно ги демнат.
Веќе во четврток следат нови финални општински натпревари за кошарка и зонскиот натпревар. Интересот за спорт расте и се популаризира, а масовноста на трибините се почеста е глетка.