ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „СОНЧЕВА ТРПЕЗА” ОД ЛИЛА АРСОВА

Вчеравечер, во салата „Бели Мугри“ со почеток во 18 часот беше промовирана книгата „Сончевата трпеза“ од велешката авторка Лила Арсова, како прв настан во месец Март (05.03.2015) во рамките на проектот „Велес-Град на културата 2015“. Промоторот на книгата г-ѓа Нада Алексоска даде критички осврт кон содржината на книгата, топло ја препорача на детските читатели и и посака на авторката понатамошни успеси во идните нејзини творештва.

Детските емоции силно се чувствуваа од настапот на членовите од драмското студио „Словото“, во режија на актерката Весна Димитрова-Бобевски, учениците од драмските секции на ООУ „Рајко Жинзифов“- Оризари, под менторство на Орданка Петковска, ученици од ООУ„Васил Главинов“ и ООУ„Блаже Конески“-Велес кои успешно презентираа извадоци од драмски текстови од книгата.

Промоцијата беше проследена од многубројна публика од ученици и граѓани, кои со внимание ги проследија драмските и музичко-сценските настапи на учениците од книгата и беа воодушевени од оваа несекојдневна промоција.