Свечена заклетва на 165 војници во велешката касарна

 

Денес во велешката касарната „Алексо Демниевски – Бауман" се одржа свеченост по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок од упатниот контингент „Февруари" 2015 година.

Притоа, заклетвата ја дадоа 165 војници од дваесет и петтата генерација на доброволно служење на воениот рок. Со нив Центарот за индивидуална обука во рамки на Командата за обука и доктрини ќе реализира обука во траење од три месеци.

На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Насер Сејдини, командантот на Командата за обука и доктрини полковник Љупчо Костовски, градоначалникот Славчо Чадиев, претставници од МО и ГШ на АРМ, роднините на војниците и други гости.