Заврши реконструкција на тротоарот во центарот на градот

Овие денови завршија градежни активности за реконструкција на тротоарот во централното градско подрачје. На ова место најпрвин се отстранија старите и дотраени плочки, а потоа се поставија и нови бехатонски плочки. Дополнително просторот ќе се заштити и со метални елементи кои ќе го спречат паркирањето на возилата.

Вредноста на оваа инвестиција изнесува околу 1.3 милиони денари, а во овој прв дел се реконструираа околу 1.000 м2 површина. Оваа година, етапно ќе се уредуваат и останатите тротоарски делови во центарот на градот.