50 земјоделци од Вардарскиот регион потпишаа меморандуми за соработка со Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси

Денес, вo просториите на Општина Велес,  50 земјоделци од Вардарскиот регион потпишаа меморандуми за соработка со Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, благодарејки на финансирањето на УСАИД.

Овие меморандуми го заокружуваат процесот со кој земјоделците -производители на пченка и сончоглед, оваа година ќе добијат систем капка по капка за одгледување на пченка и сончоглед. За земјоделците кои ги потпишаа меморандумите се оддржа и обука на која беа дадени практични совети за тоа како со  ефективно користење на системите капка по капка може да се добијат најдобри приноси.
Центарот за Развој на Вардарскиот Регион е партнер на Проектот уште од 2014 година, кога 15 земјоделци од регионот добија системи капка по капка.
Оваа година, со вкупна вредност на системите кои ќе бидат доделени од близу 130 000 евра, се очекува значително да се зголемат приносите на пченка и сончоглед, а со тоа и производството на млеко кај земјоделците кои ќе ги користат.</p>
Кај најуспешните земјоделците кои минатата година добија  и користеа системи капка по капка, приносите на призводство на пченка беа зголемени и до три пати и повеќе.