Американскиот амбасадор во посета на Велес
Новиот Амбасадор на САД во Република Македонија, Н.Е. Џес Бејли, денеска во рамки на неговата прва официјална посета на Велес, оствари работна средба со градоначалникот Славчо Чадиев. На средбата со градоначалникот Чадиев, Амбасадорот се интересираше за досегашната соработка на општината со американската амбасада, за бројните реализирани проекти но и за Велес, неговата историја, култура и стопански развој.
Во рамките на посетата, Градоначлникот и Амбасадорот се сретнаа и со семејствата од Велес кои имаат згрижено волонтери од Мировсниот корпус. Потоа, заедно ја посетија населбата „Хабитат“, каде преку американски грантови се градат станови за млади брачни парови и лица со ниски примања и Посебното основно училиште „Маца Овчарова”.