Oтворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство

На 17.03.2015 година во Големата сала на Општина Велес се одржаа ,,Отворените денови на Агенцијата за храна и ветеринарство,, на која средба беше присутен Директорот на Агенцијата, Зоран Поповски.
Овие средби со граѓаните и операторите со храна се во склоп на активноста ,,Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство,, што е одлична можност институцијата да се запознае со реалните проблеми и потреби на граѓаните и компаниите.

За таа цел подрачната единица на Агенцијата за храна и ветринарство ги покани сите заинтересирани страни да бидат присустни на оваа средба со директорот и неговиот тим каде што имаа можност да дадат одредени предлози и искажат мислења за унапредување на работата на Агенцијата, а исто така и да го запознаат Директорот Поповски со проблемите со кои се соочуваат.